Колинда Грабар Китаровиќ синоќа во Вашингтон ја доби наградата Фулбрајт за животно дело.
Китаровиќ беше Фулбрајтов стипендист од 2002 до 2003 година на постдипломската програма за меѓународни односи и безбедносна политика на универзитетот Џорџ Вашингтон, пренесува Index.hr.
„Не можам да ви опишам колку вечерашниот настан ми значи“, рече хрватската претседателка, истакнувајќи дека таа била девојка родена на „погрешната страна на железната завеса“, која сонувала за други места каде луѓето имаат слобода на избор, каде може да се зборува слободно и да ги искажуваат своите верувања без да бидат прогонувани.