Колку автомобили се продале во СФРЈ 1990.година?

Во СФРЈ постоеа одлични автомобилски фабрики, кои вработуваа голем број на работници и дополнително кооперанти ширум земјата, пишува Високиоктани. . Во 1990.година државата која броеше 22 милиони жители бележеше висок животен стандард, со курс 7 динари = 1 германска марка и скоро се беше на дофат на обичниот граѓанин. Колку автомобили биле продадени таа година?

renoОчекувано, на Југословенскиот пазар тогаш убедливо, меѓу петте домашни фабрики, владеела крагуевачката „Црвена Застава“, со 77,9% учество. Тоа е година кога увозот на странските автомобили се повеќе се дозволува, за разлика од 1987.година кога било дозволен увоз на само 15.000 автомобили, со цел зачувување на домашното производство.

Листата на учеството во продажбата на домашните фабрики во 1990.година:

1. „Црвена Застава“ Крагуевац – 77,9%
2. IMV Revoz Ново Место – 10,8%
3. TAS Сараево – 6,5%
4. Cimos Копар – 2,9%
5. IDA Кикинда – 1,9%.

Во првите 10 месеци 1990.година во Југославија се продадени вкупно 181.216 патнички автомобили и други возила, произведени исклучиво во домашните фабрики. Фабриката „Црвена Застава“ произвела и продала 141.164 возила, а најпродавани модели биле Yugo – 64.165 единици и Skala со 13.534 продадени примероци.

statistika

 

Тогашната гордост на домашната авто индустрија – Florida, била произведена во 2.304 единици, иако биле најавени 20.000. Купувачите на својата Florida чекале и по една година, бидејќи била извезувана и на пазарот на Западна Европа, каде им била конкурент на тогашните модели од својата класа – Hyundai Pony и Toyota Corolla.

Florida била претставена на 19.фебруари 1987.година, а до тогаш се водела под номенклатурата Zastava 103. Бензинските мотори имале волумен од 1100 до 1600ccm, со сила од 68 до 83кс. Се произведуваше до крајот на 2008.година, а цените се движеа од 13.500 до 15.000 тогашни германски марки.

Во погоните на IMV Revoz од Ново Место се произведуваа Renault 4 и Renault 5, а во сараевскиот TAS Volkswagen Golf и Caddy. Cimos произведуваше Citroen AX, BX и XM, а IDA помеѓу останатото и Opel Kadett.

 

Извор: visokiokatni.mk