![Makedonija fudbaleri na aerodrom](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/Makedonija-fudbaleri-na-aerodrom.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Македонската фудбалска репрезентација по успешната епизода на „Ренцо Барбера“ во Палермо, сега ја очекува гостување на пеколниот „Драгао“ против Португалија.
Како и во полуфиналето, така и овде, Македонија е аутсајдер и секој не потценува. Но токму тогаш Македонија е мотивирана да ги демантира сите критичари и сите кои не веруваат во неа.
Натпреварот Португалија – Македонија се игра во вторник од 20:45 часот, а влезниците за стадионот се експресно распродадени.
Според правилникот на европската куќа на фудбалот (УЕФА), на Македонија и следуваат 5% од капацитетот, односнo некои 2.500, но постои шанса таа бројка да биде редуцирана, бидејки влезниците во рекорден рок биле распродадени.