Голема колона возила вечерва е заглавена на патот Никофорово-Радика. Според информациите од луѓето кои се заглавени во возилата, колоната е долга десетина километри, а застојот трае веќе четири часа, пренесува А1Он.
Велат има и семејства со мали деца, а некои од автомобилите се и без гориво. Сведочат дека нема многу снег, но патот е лизгав.
Според првичните информациите од ЦУК се работи за застој поради голем број автомобили на тесниот пат. Од таму информираат дека има застој и на крстосницата Маврово-Кичево-Гостивар.