Колонистите масакрирале илјадници Абориџини

Од европското населување на Австралија кое започна во 1788 година, кога првата група од 759 англиски осуденици пристигна во заливот Ботани и ја изградија првата населба на Европејците, до средината на 20 век во петстотини масакри низ целата земја се убиени илјадници Абориџини, рекоа вчера научници од Велика Британија.

Историчарите од Универзитетот Њукасл велат дека податоците до кои дошле се врз основа на дневници на доселениците, современите извештаи во медиумите, докази и усната традиција на потомците на домородното население и на собраните податоци во државните и федералните архиви.

Досега успеавме да идентификуваме и потврдиме информација за околу 250 места на кои во колонијална Австралија се извршени масакрите, а проценките се дека до крајот на нашиот проект, ќе откриеме околу 500, изјави за Ројтерс шефот на истражувањето, Линдал Рајан.

Таа рече дека во откриените 250 места на масакри загинале околу 6.200 луѓе, вклучувајќи и стотици Европејците и додава дека “масакр” се смета секој инцидент во кој загинале најмалку шест лица.

Резултатите од истражувањето, кое треба да заврши во 2019 година, постепено се објавуваат во време кога земјата ја тресе емотивна дебата во врска со начинот како да се одбележи доаѓањето на првите европски доселеници на австралиска почва,а при што, според мислењето на многумина, не треба да заборави крвавото колонијално минато дел земја.