Колумбија ќе отвори амбасада на палестинската територија

Колумбискиот претседател Густаво Петро нареди отворање амбасада во палестинскиот град Рамала, изјави министерот за надворешни работи Луис Жилберто Муриљо за новинарите во средата.

„Претседателот Петро даде наредба да се отвори колумбиската амбасада во Рамала, (дипломатско) претставништво на Колумбија во Рамала, тоа е следниот чекор што ќе го направиме“, рече Муриљо. Додаде дека верува оти наскоро повеќе земји ќе почнат да се залагаат за признавање на палестинска држава во Обединетите нации, што Колумбија веќе го поддржа.

Претходно овој месец, Петро, ​​кој веќе го повлече колумбискиот амбасадор од Тел Авив, рече дека ќе ги прекине дипломатските врски со Израел поради неговите акции во Газа. Амбасадата беше затворена на 3 мај. Петро жестоко го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и побара да се приклучи на тужбата на Јужноафриканската Република, која го обвинува Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата на Обединетите нации.

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, го обвини Петро дека е „антисемит и полн со омраза“ по одлуката на Колумбија да ги прекине врските со земјата, велејќи дека потегот е награда за Хамас.

Колумбија не е првата земја од Латинска Америка која ги прекина врските со Израел. Боливија ги прекина односите со Израел на крајот на октомври минатата година, додека неколку други земји од Латинска Америка, вклучувајќи ги Чиле и Хондурас, ги повлекоа своите амбасадори.

Рамала, на Западниот брег (на реката Јордан), служи како административен главен град на палестинската држава.

На 10 мај, Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство ја поддржа палестинската кандидатура да стане полноправна членка на ОН, која ја признава Палестина како квалификувана да ѝ се приклучи на светската организација. Генералното собрание, исто така, препорача Советот за безбедност на ОН „поволно да ја преиспита работата“.

Израел тврди дека го уништува Хамас во Газа по бруталниот и без преседан напад според бројност и координираноста на милитантите на ова палестинско движење врз воени бази, кибуци и градови во јужен Израел на 7 октомври во кој загинаа 1.200 луѓе од кои 900 цивили и зедоа повеќе од 250 заложници. Според податоците од Газа, во војната загинале речиси 36.000 Палестинци, од кои најмалку две третини се деца и жени, а уште 10.000 лица на разни возрасти се водат како исчезната под урантините.

Бриталниот одговорот на Израел наиде на силни меѓународни критики, а пристапот до хуманитарна помош во јужниот дел на Газа е прекинат откако се интензивираат воените операции во Рафах. Обединетите нации објавија дека разорните неселективни дејствија на израелската војска принудиле најмалку 900.000 луѓе да избегаат и ги зголемиле тензиите со соседен Египет.