Колумбија со победата над Перу третопласирана на Копа Америка

Фудбалската репрезентација на Колумбија го освои третото место на јужноамериканското континентално натпреварување Копа Америка 2021 година, откако на шампионатот во Бразил ноќта кон саботата по средноевропско време славеше над селекцијата на Перу со 3:2.

На крајот на првото полувреме, Перуанците поведоа со голот на Јошимар Јотун. По паузата, Хуан Квадрадо го израмни резултатот. Во 66 минута Луис Дијаз го постигна вториот гол за Колумбијците, но Џонатан Лападула успеа да изедначи во 82 минута. Победата за Колумбија ја обезбеди Дијаз со својот втор погодок постигнат во четвртата минута од судиското надополнување.

Во финалето на турнирот вечер во 2 часот по полноќ ќе играат репрезентациите на Бразил и Аргентина.