Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави во неделата дека го суспендирал примирјето со најголемата криминална организација во земјата ткн Заливскиот картел Clan del Golfo, бидејќи ја нападнала полицијата.
„Им наредив на вооружените сили повторно да ги активираат сите воени операции против Клан дел Голфо. Нема да дозволиме да продолжат да сеат вознемиреност и терор во заедниците“, напиша Петро во твитот.
Неколку минути подоцна Петро напиша: „Нападот со пушка врз полицијата од страна на Клан дел Голфо го крши прекинот на огнот… Вооружените сили мора веднаш да дејствуваат против мафијашката организација“.
Аггенцијата Reuters наведува дека не може веднаш да потврди никакви детали за нападот.
Прекинот на огнот со колумбискиот нарко-картел беше дел од напорите да се стави крај на внатрешниот конфликт во Колумбија во кој изминтите децени беа убиени најмалку 450.000 луѓе.
Неколку дена претходно, во радио интервју на 13-ти март, претседатело Петро ја обвини групата за уништување на општински аквадукт во провинцијата Антиокија за време на блокади на патиштата поврзани со протестите на неформалните рудари за злато.
Петро рече дека групата го „прекршила прекинот на огнот“ и дека нема можност за преговори доколку продолжат со нападите.