Пукав колку што можев, со двете раце пукав, или ќе те убијат или се браниш, Амди Красниќи, алијас командант Малишева, денеска во кривичниот суд, призна дека пред 2 години, пукал во специјалите во кумановско Диво Насеље.
Од Косово дошол по барање на Мирсад Ндрецај командант НАТО, со единствена цел, повик до Албанците да се обединат под едно „црно црвено знаме“, како и за исполнување на сите точки од Охридскиот Рамковен договор. Што содржи Рамковниот и колку точки не биле исполнети не знаеше да каже, ама како атак врз албанското население Малишева ги наведе и смртта на Џавид Морина, Харун Алиу, случајот Бродец, палењата во Ѓорче, мислејќи на протестите кога беше убиен матурантот Ангел.
Красниќи како лица од Македонија кои во Косово им се жалеле дека не е спроведен рамковниот, ги наведе Ејуп Алими државниот секретар во секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и градоначалникот на Липково Садула Дураку.
Ноќта на 6 мај, 2015 та Малишева во државата со уште десетина илегално влегол во земјава. Групата облекла униформа и се вооружала во шума кај селото Белановце, тој носел црна униформа и калашников. Потоа два дена седела во Отља, околу 1.30 утрото на 9 мај, неговата група стигнала во Куманово.
За време на престрелката Малишева објасни дека биле поделени во групи. Тој бил во групата со Мирсад Ндрецај, Бег Ризај и уште неколку. Пет часа како траела престрелката, Ндрецај се обидел да стапи во контакт со Али Ахмети, првиот обид не му успеал, па во порака му објаснил дека тие се во Диво Насеље.
Претседателе, бидејќи сте во влада направете се што можете да прекине огнот, бидејќи може да загинат цивили му пишал НАТО на Ахмети.
Лидерот на ДУИ кога им се јавил бил стаписан од напишаното, објасни Малишева, но тие не се спасиле, како што барале, сега групата е уапсена, а со тоа се видело колку тежел зборот на Ахмети во Владата, заклучи Малишева.
Групата во која бил Сами Укшуни, контактирала со ОБСЕ, за тие да посредуваат во преговорите меѓу нив и полицијата, кажа Красниќи.
Обвинетите за тероризам се предавале во групи, додека едните со кренати раце излегувале пред специјалците, повремени пукања се уште имало. Од групата во која бил Малишева загинале неколку, еден од нив како што рече не можел да го издржи, притисокот на војувањето па се самоубил.
Амди Красниќи во престрелката бил ранет, тој на 9 мај пред 22 часот им се предал на специјалците, една група негови соборци веќе биле уапсени од полицијата.