Командант на арапско-курдската коалиција открива детали за операцијата за убиството на водачот на ИД

(U.S. Army photo by Staff Sgt. Andrew Goedl via AP)

Челникот на терористичката организација Исламска држава (ИД), Абу Бакр ал- Багдади е ликвидиран во текот на заедничката операцја по неколкумесечно разузнавање, изјави во неделата командантот на апрапско-курдската коалиција во североисточна Сирија, Сириските демократски сили (SDF), Мазлум Абди.

„Пет месеци се спроведуваа теренски извидувањеа, темелно истражување и анализа на податоците, сѐ до изведувањето на заедничката операција за ликвидација на терористот Абу Бакр ал-Багдади. Им благодарам на сите, кои имаа придонес за оваа одлична работа“, напиша Абди на Twitter кој го пофали учеството на Курдите во оваа операција. „Успехот на оваа операција беше резултат на заедничката разузнавачка работа со американските партнери“, додава Абди.

Претходно високи ирачки разузнавачки извори за државната телевизија и за повеќе странски новински агенции изјавиле дека Ирак имал значајна улога во лоцирањето и ликвидацијата на водачот на Исламската држава.

Изданието Defense One ноќта кон неделата објави дека САД во саботата вечерта по локално време извеле специјална операциа во сириската покраина Идлиб, кон границата со Турција, чија цел бил џихадистичкиот челник Абу Бакар ал-Багдади. Засега, сепак, нема официјална потврда за ликвидацијата на еден од најбараните терористи.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд ТрампТ навести дека во Вашингтон во текот на денот ќе се обрати со „важна изјава“, а самиот Трамп на Twitter напиша дека „се случи нешто многу големо“, без да прецизира на што мисли.