Комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархелји го ретвитна интервјуто на Александар Николоски и испрати јасна порака

Комесарот за проширување на Европската унија Оливер Вархелји го ретвитна денешното интервју за Република на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алескандар Николоски. Така, комесарот на ЕУ за проширување упати јасна порака пред предвремените парламентарни избори на 12 април на кого му двааат поддршка.

Барем, оние што редовно ги следат активностите на ЕУ и нивните челници, вакво нешто досега не се случило.

„Си мавтаме, се надевам дека ќе ги исполнуат. Среќен сум што работиме заедно, важно е да работиме заедно!“, објави твит комесарот за проширување.

„Тој е исклучително посветен Комесар, кој влезе во својата задача многу амбициозно од самиот почеток, и со негова поддршка се надеваме дека ќе ги отвориме разговорите за пристапување во ЕУ, а исто така и брзо ќе ги завршиме“, напиша на Твитер Николоски по ретвитот на Вархејли.