Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Бришењето на заканувачката содржина со говор на омраза, тешко ќе го исперат срамот и гревот во кои се западнати СДСМ и ДУИ

ДО ТУКА СТАСАВМЕ?!
Наместо деновиве да добиеме официјален став од Министерството за култура на Република Македонија во врска со загрозените македонски црвени линии по прашањата на идентитетот, историјата, традицијата, јазикот и културата, во развојот на најновите настани поврзани со нашето евроинтегрирање, „почестени сме со европски вредности“ со најексплицитна содржина полна со говор на омраза и директна закана со кршење раце и нозе, стои во Фејсбук објавата на официјална страница на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Комисијата напиша дека има само две можности кои им стојат на располагање на Министерството за култура и министерката Костадиновска-Стојчевска и тоа во најкратки можни рокови:
1) Да се оградат од заканата и говорот на омраза напишани на ФБ статусот на државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири!
2) Заеднички да поднесат оставки и Костадиновска-Стојчевска и Азири, за да овозможат на органите на прогонот независност на истрагата на ова веќе пријавено злодело и конечно примена на европските вредности на дело!

– Денешното бришење на заканувачката и непримерна содржина со говор на омраза, тешко ќе го исперат срамот и гревот во кои се западнати партиско-коалиционите „културни политики“ на СДСМ и ДУИ. Валканата бездна во која пропаѓа македонска култура мора да почне да се чисти од врвот – ВЕДНАШ, се додава во објавата.