Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Власта продуцира политичко насилство!

Политичкото насилство влезе во политичкиот живот на Македонија, а арсеналот на убедувања и застрашувања стана главно оружје за задржување на власта, реагира Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ!

Целосниот нивни статус го пренесуваме во продолжение

Колку што е поголема институционалната несреденост, толку повеќе се манифестира „слободната волја“ на владините структури, кои во паника и страв од изборниот крах кој ги очекува, веќе не бираат средства за пресметка!

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува нападот врз поранешниот градоначалник Трајковски и бара итна истрага за него, како и одговор по чиј налог е извршено ова крвничкото насилство!?

Заслужува ли човек кој направил толку добрини и оставил толку проекти зад себе да заврши со ваков третман на политички монтирани судски процеси, за на крајот да заврши брутално претепан?!

Вака ли изгледа правиот пат кон Европа? Кој се дрзна да ја земе правдата во свои раце?! Малку ли ви беше тоа што обвинетите ги соочивте со невидени репресии од сите можни пори на општеството, па откако видовте дека не потклекнуваат и не можете да ги замолчите, посегнавте по брутални напади?!

Со овој невиден начин на водење на судски рочишта непознат за европското право, никогаш нема да изградите правна држава!

Наместо серизно да се однесувате кон опозицијата, вие повикувате на политички мегдан, на пресметка со неистомислениците, а тоа е и повеќе од јасен доказ дека врвот на оваа држава продуцира насилство!

Дали некој ќе одговара за насилството и дали некој го посети повредениот, дали владеачките партии и владините министри ќе ги осудат насилничките сцени…?

Нема политичка коректност додека навредувате, понижувате и претепувате невини луѓе и додека ја уништувате државата.

Ваквите настани никако не ве прават храбри ни на политички, ни на било кој друг начин! Ова само го открива вашето вистинско лице и фактот дека неистомислениците не само што ги сметате за противници, туку ги сметате и за непријатели спрема кои покажувате патолошка омраза!

Колку и да не сакате да признаете, свесни сте дека вашето време поминува и доаѓа време во кое секој што згрешил пред законите ќе одговара!
Доаѓа обновата со која Македонија предводена од чесни и честити луѓе ќе се приближи до вратата на ЕУ, од која вие нè оддалечивте за светлосни години!