Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Нема лекови за лицата со карцином, граѓаните ја губат довербата во здравствениот систем

До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ постојано пристигнуваат информации за недостиг на лекови, а некои лекови воопшто и ги нема. Засегнатите страни информираат дека нема неколку лекови што се даваат на лица со карцином. Некои се еден вид на хемотерапија таргет терапија, а дел од нив се традиционална хемотерапија, велат од партијата.

Loading…

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ 

Или нема од следниве лекови на Клиниката за онкологија и радиотерапија:

1.Pemetrexed, таргет терапија и еден вид на хемотерапија.

2.Palbociclib е хемотерапија која е таргетирана терапија и која се дава за одредени видови на канцер.

3.Sandostatin, не е хемотерапија, но се користи кај одреден вид на карциноми.

И додека нема терапија за болните од рак, нема ниту информација во врска со скандалот на Онкологија, а со тоа дополнително граѓаните ја губат довербата во здравствениот систем, исто така се губи и довербата во останати институции кои се вклучени во расчистување на скандалот.

Министерството за здравство треба да одговори што презема за да ги корегира овие недостатоци.

Треба да одговори кои од модерните цитостатици се на позитивна листа за која толку многу Министерот за здравство се фалеше.

Зошто од воведувањето на биолошката терапија во 2018 година на Онкологија, Владата не ги адаптира системите на следење за оваа скапа терапија.

Дали некој од Власта на СДСМ бил директно заинтересиран да се акумулира енормен долг од 20 милиони евра на оваа клиника.