Комисијата за заразни болести ќе ја анализира епидмиолошката состојба во пресрет на празниците

Епидемиолошка состојба со Covid-19 во земјата, според најавите, наредните денови да биде анализирана од Комисијата за заразни болести, по што ќе биде донесена одлука  дали ќе има нови мерки за време на претстојните Велигденски празници.

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на коронавирусот се на сила до 27 -ми април.

Според министерот за здравство Венко Филипче, иако состојбата со Covid-19 се стабилизира мора да останеме максимално внимателни. Граѓаните треба максимално да ги почитуваат мерките кои се на сила, а посебно треба да бидат внимателни за претстојните празници кои се голем епидемиолошки ризик.

„Вакцината е најдобриот начин за борба против пандемијата. Секој од нас треба да учествува во таа битка. Само така ќе може да му се вратиме на нормалното живеење, на блискоста со драгите луѓе, на дружбите со пријателите. Пријавете заинтересираност за вакцинација на vakcinacija.mk “, објави  министерот Филипче на својот фејсбук профил.

Имунизацијата на населението, имајќи ги предвид малите набавки на вкацините, се одвива со незадоволително темпо. Досега се вакцинирани само 44.974 граѓани, а за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk се пријавени четири пати 192.459 граѓани, речиси 10 отсто од вкупното населени.

Здравствените валсти очекуваат оекуваат имунизацијата поинтензивно да продолжи да се спроведува по Велигденските празници, кога нема да има вакцинации.

Министерот Филипче во петокот изјави дека 200.000 дози од кинеска вакцина „Sinopharm“, треба да пристигнат „околу 28-ми април“.

„Добивме листа од компанијата ‘Pfizer’ со која ни беше презентиран распоредот со кој ќе стигнуваат останатите количества во мај. Секој понеделник меѓу 5.000 и 7.000 вакцини, околу 26.000 се предвидени да стигнат во текот на целиот  месец и тоа ќе биде една количина која ќе испланираме како ќе биде дистрибуирана ширум државата, истакн“а Филипче.

Шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг, чија земја е координатор на ЕУ за испорака на вакцини за западен Балкан претходно седмицава соопшти дека од 651.000 дози од вакцината на „Pfizer/BioNTеch“, ќе бидата испорачани во регионот, од кои 119.000 дози во неколку транши почнувајќи од мај до крајот на август.