Сертификатот за прележаност на короанвирусната волест Covid-19, кој само во Македонија е ограничен на 45 дена, најверојатно ќе претпи измени, а тоа прашање е една од точките на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести на кој ќе се дискутира за проширување на важноста на документот.
„Покрај повеќето прашања на утрешниот состанок, да и тоа е една од точките на утрешниот состанок. Ќе дискутираме дали може да има измени во времетраењето на сертификатот за прележаност’, изјави во понеделникот за ТВ Сител, др Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.
Инаку, во многу дражави ковид-сертификатот се признава од најмалку четири месеци па до 270 дена.
Освен за сертификатите, членовите на Комисијата ќе дискутираат и за големата смртност кај лица кои се целосно имунизирани. Како што претходно објави Сител, врз основа на факти кои ќе треба да ги утврди посебна работна група може да има и мерки за задолжителна имунизација кај лица со коморбидитети.
„Ќе дискутираме за методологијата за пресметувањ ена морталитетот и секако она што го има во дневните извештаи за смртноста, каква вакцина примиле починатите а аимунизирани, колку се со две дози, колку со бустер, колку време поминало од имунизацијата“, рече др Мехмедовиќ.
На дневен ред е и актуелната епидемиолошка состојба во земјата, а на денешната координација на министерот со надлежние од ковид центрите е констатирано дека слободни места за хоспитализација има.