![ustav](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/ustav-1.jpg?resize=640%2C414&ssl=1)
Со 10 гласа „за“ и 5 „против“, Комисијата за уставни прашања го усвои текстот на 33. нацрт-амандман.
По ова, претседателот на Комисијата, Талат Џафери, отвори расправа за следниот, односно 34. нацрт-амандман кој се однесува на преамбулата за АСНОМ и внесувањето на охридскиот договор во Уставот.
Усвоениот амандман се однесува на замената на зборот „Република Македонија“ со „Република Северна Македонија“ секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.