1.8 C
Skopje
вторник, декември 3, 2024

Комити: Си играте со оган, за Столе ќе ве одереме!!!

Капитенот на Вардар и репрезентативец на Македонија, Стојанче Стоилов се’ уште е топ тема откако тој демонстративно ја напушти прославата за прогласување на најдобрите во спортот во Македонија за 2018 година.

Социјалните мрежи вријат од коментрари, од кои во најголемиот дел му дават поддршка на Стоилов. Се огласи и навивачката група на Вардар.

Си играте со оган…
За него ќе ве одереме! , напишаа тие на социјалната мрежа фејсбук.

За потсетување најдобриот спортист на Македонија за минатата година, ракометарот Стојанче Стоилов демонстративно го напушти изборот на Спортисти на годината во организација на Агенцијата за млади и спорт, реагирајќи на „двојазичноста“ за време на манифестацијата.

Стоилов ја напушти манифестацијата уште при доделувањето на првите две награди за училишен и за средношколски спорт кои ги добија училишта од Чаир и од Тетово. Тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обрати на албански, па во тој моментот Стоилов револтирано си заминал…

„Се чувствувам засрамено и понижено“ – им напишал нешто подоцна искусниот ракометар во вибер-групата на соиграчите од репрезентацијата.