Компанија онеспособи вештачка интелигенција откако поетскиот бот излезе од контрола

Компанија за испорака на пакети во Британија ја оневозможи функцијата на вештачката интелигенција на своите системи за онлајн разговор, откако фрустриран корисник го убедил системот да состави песна за тоа колку е лоша услугата за клиентите на компанијата.

„Си имеше еднаш четбот, неговото име е DPD, бескорисен да им помогне на сите“, напишал ботот откако Ешли Бошамп се откажал од обидите да го натера да го сподели телефонскиот број за услуги на клиентите и го замолил наместо тоа да напише песна за лошата услуга на четботот.

„DPD е губење време, најлошиот кошмар на клиентите“, продолжил ботот и заклучил: „Еден ден DPD конечно е згаснат, па сите се радуваат. Конечно помош можам да добијам, од стварна личност која знае што да се стори“.

Бошамп, пијанист и диригент, ја објави својата размена со ботот на платформата на социјалните мрежи X во четвртокот, оттогаш објавата е прегледана повеќе од 1,1 милион пати.

Вело дека прво побарал од ботот да му каже шега откако не успеал да добие информации за статусот на пакетот, а кога го сторил тоа, побарал од него да напише песна за пропустите на автоматизираната услуга за клиенти.

Бошамп изјави за iTV дека неговиот пакет сè уште не пристигнал. „Мислам дека сега би можеле да го држат како заложник. Не би ги обвинувал… Тоа е целосно моја одговорност“, вели

Од компанија DPD UK рекле дека неколку години успешно користела елемент на вештачка интелигенција во својот систем за разговор заедно со човечка служба за клиенти, но грешката се случила по ажурирањето на системот.

„Елементот на вештачката интелигенција е веднаш оневозможен и моментално се ажурира“, се вели во соопштението на компанијата пренесено од iTV.