Компанијата на Kрсто Мукоски доби државен тендер вреден 1,2 милиони евра

Компанијата на пратеникот Крсто Муковски, одметнат пратеник на ВМРО-ДПМНЕ,  доби тендер од државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор, oбјави Лидер.

Неговата компанија ,,Атриум ДОО” од Вевчани доби тендер од државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор.

На 30 декември 2019 година неговата компанија ,,Атриум ДОО” од страна на државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор доби тендер за изградба на објект во Свети Николе во вредност 76.960.351 денари или 1.251.000 милиони евра.

Пратеникот Крсто Муковски, надвор од тврдиот партиски став, гласаше за промена на уставното име на земјата, и поради тоа беше исклучен од партијата.

Апелациониот суд во Скопје го пушти в ооктомври 2018 година да се брани од слобода и Крсто Мукоски, кој беше во куќен притвор за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017. По тоа Мукоски можеше да оди на работа и да присуствува и гласа на собраниските седници.