Компанијата „Pfizer“ ѝ ја нуди својата вакцина против Covid-19 на Африка но по повисока цена

Американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и германската биотехнолошка компанија „BioNTech“ понидиле да испорачаат 50 милиони дози од вакцината против Covid-19 која заеднички ја развија во Африка за тамошните медицински работници, пренесува во неделата агенцијата Bloomberg, истакнувајќи дека ова количество треба да биде доставена на конинектот од март до крајот на годинава.

Предлогото содржи „непримерно висока цена“, ја пренесува Bloomberg реакцијата од Јужноафриканската Република, којашто во периодов претседава со организацијата Африканска унија. Унијата во моментов преговатра со повеќе добавувачи на вакцините против коронавирусот, вклучутелно и со корпорацијата „Johnson & Johnson“ чијшто препарат сѐ уште е во финалната фаза од испитувањата и за кој нема побарано одобрување од регулаторите.

Претходно на 24-ти декември, Африканската увозно-извозна банка објави дека африканските земји имаат итна потреба од 9 милијарди долари за да можат да го купат минималното потребно количество вакцини против Covdi-19 со цел да се запре епидемијата на кантитентот, кој продолжува да се шири.

Високо проценетите приходи на американските компании „Pfizer“ и „Moderna“, меѓутоа, предизвикуваат критики од оние кои ги гледаат најдиректно човечките страдања предизвикани од Covid-19. Нивните конкуренти „Janssen Pharmaceutica NV“, која е дел од групацијата компании „Janssen Pharmaceutical Companies of Johnson & Johnson“, како и британско-шведската компанија „AstraZeneca“, од друга страна, пак, ветија дека нивните вакцини кога ќе добијат одобрувања за употреба, во текот на пандемијата ќе бидат продавани по непрофитна основа. Вакцината на „AstraZeneca“ е најевтина засега и чини околу 4 американски долари по доза (инаку сите се даваат во две дози), вакцината на руски „Гамалеја“ ќе чини под 10 долари по доза, на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ ќе чини 20 долари по доза, а на „Moderna“ пак е најскапа и ќе чини 33 долари.

Повеќето африкански земји се членки на COVAX, меѓународниот механизам кој го воспостави Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во патнерство со Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (GAVI) и Коалицијата за иновации и подготвеност на епидемија. COVAX е посветена на поддршката за создавање производствени капацитетит и набавка на вакцинините против коронавирусот. Според условите на програмата, земјите со високи примања плаќаат за набавка на вакцините, што им го олеснува пристапот до нив на земјите во развој и со мали примања. Сепак, според процените на експертите, годинава нема да може да биде вакцинирани повеќе од 20 отсто од африканската популација, според програмата COVAX, што нема да биде доволно за запирање на епидемијата на Covid-19 на континентот.

До неделата земјите во Африка пријавиле потврдени вкупно 2.782.260 зарази со коронавирусот, од чии компликации починале повеќе од 66.000 луѓе. Јужноафриканската Република, којашто пред две седмици пријави и појава на нов сој на коронавирусот, има најголем број потврдени коронаинфекции и поврзани со тоа смртни исходи, а следат Мароко, Египет, Тунис и Етиопија.