Компанијата „Princess Cruises“ поради коронавирусот ги откажа сите крстарења

Компанијата за поморски туристички крстарења „Princess Cruises“ го запре пловењето на сите свои 18 туристички крстосувачи во следните 60 дена, кои повторно ќе запловат по 11-ти мај, изјави во четвртокот претседателката на компанијата, Јан Шварц.

„Со жалење објавувам 60-дневна пауза во активноста на бродовите на ‘Princess Cruises’ ширум светот. Веројатно ова е најтешката одлука во целата наша историја, бидејќи таа силно ќе влијае врз огромен број луѓе“, вели Шварц во соопштението објавено на компанискиот акаунт на Twitter.

Според неа, патниците на бродовите кои планираат да го завршат патувањето за пет дена, ќе може да се истоварат. Пловидбите, пак, кои требаше да продолжат по 17-ти март, ќе бидат завршени во пристаништето кое е најпогодно за корисниците. Очекува, крстарењата во организација на нејзината компанија да продолжат по 11-ти март.

На еден од бродовите на „Grand Princess“ претходните денови беше откриен новиот тип на коронавирусот. Првично крстосувачот пловеше кон мексиканското пристаниште Енсенада, но потоа компанијата реши да ги пренасочи кон Сан Франциско, со цел да се извршат прегледи на патниците и членовите на екипажот како превентинва мерка. На бродот кој се наоѓаше на отворено море, сите неопходни продукти се доставуваа со хеликоптер.

Вкупно на бродот „Grand Princess“, кој е вкотвен во калифорниското пристаниште Окленд, има 3.533 лица, од кои 2.422 патници и 1.111 членови на екипажот, кои се државјани на 54 земји во светот. Присуството на коронавирусот на бродот е потврдено кај 21 лице, двајца патници и 19 членови на екипажот.