Бриселски „Политико“ утринава јавува дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно бил постигнат некаков компромис за да почне првата меѓувладина конференција меѓу Унијата и Македонија и дека Бугарија се согласила на тој „компромис“.
Според изјавата на висок дипломат на ЕУ за „Политико“, постигнатиот компромис значи Бугарија да го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и да го признае македонскиот идентитет. За возврат, Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик.
Ако ова е „компромисот“, тогаш тоа се, всушност, најголемиот дел од бугарските барања. Големо прашање е дали македонската страна би ја прифатила „историската вистина“ презентирана од Софија, по општите негативни реакции во јавноста.
На Твитер за ова се огласи и Карл Билт.
„Добрите вести се дека ЕУ дипломатите го деблокирале почетокот на пристапните преговори со Македонија. Како и секогаш, во регионот имало комплексни историски прашања за решавање, овојпат со Бугарија“, напиша Билт.
https://twitter.com/carlbildt/status/1321740025051185158?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1321740025051185158%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fmakedonija%2Fpolitiko-zaev-kje-priznae-bugarski-temli-na-makdonskiot-identitet-i-jazik%2F