„Комунална хигиена“ ќе постави специјални контејнери за одлагање на органски отпад во пресрет на Курбан Бајрам

Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот).

Од Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелираат до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина.

– Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во текот на вчерашниот и денешниот ден, спроведоа и активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје, соопштија од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Список на локации каде што ќе бидат поставени контејнерите за одлагање органски отпад:

1. Општина Шуто Оризари – автобуска станица на последна 19-ка; кај маркет Харбин; во близина на мостот на патот кон Визбегово; во близина на Хамдипашината џамија; во близина на општината Шуто Оризари.

2. Општина Бутел – во близина на џамијата Фетах Ефенди; во близина на џамијата Бедр – Бутел 1.

3. Општина Гази Баба – стадион ФК Фортуна; стадион Гази Баба.

4. Општина Чаир – поранешна локација на ЈПХКС-Серава; во близина на ресторанот Фа-Фа; во близина на новата џамија во Чаир; во близина на Теќето во Дуќанџик.

5. Општина Сарај – кај старата општина Сарај; кај езерото Треска; кај СИУ Медреса Иса Бег во с.Кондово.

6. Општина Карпош – Населба Долно Нерези.

7. Општина Арачиново – поранешен плац, во центарот на селото-кај Касапот.

8. Општина Студеничани – во центарот на с. Студеничани; во с. Моране; во с. Батинци.

9. Поранешно седиште на Муфтиството-Скопско Кале.