Бразилскиот пијанист Пабло Роси во понеделникот одржа концерт во Културно-информативен центар на Македонија во Загреб.
-Покрај бразилска пијанистичка ѕвезда, Пабло Роси, настапи и квинтетот со дел од музичари на камерниот ансамбл Кантата Балканика, во кои членуваат млади талентирани музичари од целиот регион, информира Наталија Поповска, директорка на КИЦ на РС Македонија во Загреб.
Таа посочува дека концертот се одржал како резултат на соработка меѓу двете реномирани организации за музички менаџмент, Кристофориумарт и Арт Линк и КИЦ во Загреб.