Kонцертот на Националната опера и балет се префрла во црквата „Света Софија“

Гала оперскиот концерт на Националната опера и балет кој вечерва ќе се одржи во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде префрлен во црквата „Света Софија“ поради променливото време и можноста од врнежи од дожд, соопшти организаторот.

Почетокот на концертот е во 21 часот.