Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ Христо Кондовски денеска по повод Денот на независноста положи цвеќе на спомен обележјето во овој град.
Притоа тој упатувајќи честитка по повод јубилејот од независноста, рече дека по три децении интензивен процес на градење на македонската држава, денеска сме исправени пред нови предизвици.
– Ако некогаш со распадот на Југославија, борбата за македонска сувереност се водеше со многу тензии, денеска таа борба ја водиме со посветено работење на развојот на нашето општество во сите области на живеење и работа. Токму во тоа ја гледам мојата улога во однос на Битола – преку агресивни менаџерски практики да обезбедам забрзан општествено економски развој. Со тоа Битола брзо ќе прерасне во општина која нема да чека пред вратите на Европа, туку таа самата ќе биде европска во секоја смисла на зборот. Денешниот светол датум од македонската историја не обврзува на тоа! – рече тој.