Актуелниот градоначалник и кандидат на градоначалник на општина Аеродром на претстојните локални избори в недела, Ивица Коневски, денеска го промовираше проектот за изградба на нов парк во населбата Горно Лисиче. Овој проект е предвиден во неговата предизборна програма за Општина Аеродром.
Новиот парк ќе биде изграден во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, така што и оваа населба ќе добие не само ново катче за рекреација, туку модерен лик каков што доликува на секоја урбана општина. За хортикултурно и партерно уредување на просторот со поставување урбана опрема предвидовме 6 милиони денари.
Дозволете ми да ги поканам граѓаните на претстојните локални избори исто така да го дадат својот глас за кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на чело со доктор Виктор Камилоски, за да можеме да го реализираме не само овој, туку и други проекти предвидени во изборната програма, напиша Конески на својот ФБ профил.