Констатирани пропусти во подоготовките за УЕФА Супер купот на Арената „Филип 2“

Владата на Република Македонија на синоќешната седница констатира сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходата Влада, во реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената „Филип 2“, со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА, соопшти владината прес-служба.

– Задолжен е Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, во соработка со другите надлежни министерства да ги преземе сите потребни мерки во рок од три дена и да изнајдат начин за одржување на УЕФА Супер купот, за што, како што е најавено УЕФА ќе дојде во Скопје на 21 јули да ги провери условите за одржување на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, се посочува во соопштението.