Констатиранo враќањeто на пратеничките мандати на Пендаровски и Ковачевски

Собранието ги констатираше во петокот враќањето на пратеничките мандати на пратениците од владејачката СДСМ, Стево Пендаровски и Васко Ковачевски.

Исто така, беше констатиран и престанок на функцијата министер без ресор, која досега ја извршуваше Самка Ибраимовски, кој поднесе оставка на функцијата и најави дека ќе се врати во пратеничките клупи.

За негов наследник, најверојатно ќе биде избран адвокатот Аксел Ахмедовски од Делчево, како предлог на Партијата за еманципација на Ромите.

Во Собранието трае паузата, по што ДИК се очекува да го извести собранието за тоа на кој кандидат од пратеничката листа ќе му се верифицира мандатот за наследник на Пендаровски, кој заминува на функцијата национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, и за наследникот на Ковачевски, кој ја доби директорската позиција на РЕК Битола.