Претставничката на Србија на овогодинешната Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта, за прв пат проговори за сапунот со кој ги миеше рацете на натпреварот за „Песна за Евровизија 22“.
Имено, сопственичката на хитот „In corpore sano“ откри дека три минути ги миела рацете со евтин сапун кој и ја иритирал кожата.
– На првата проба дојдов со евтин сапун. Вложив само 40 динари и потоа рацете ми беа уништени. Не треба да ги миете рацете три минути, тоа е глупост – изјави Констракта во „Утро на прва“.
Таа откри како настанала песната „In corpore sano“ и каде вежбала кореографија.
-Со денови пишувам песни и ги чистам за да бидат едноставни и поетски. Создадена е додека имав многу време и го шетав кучето по блоковите. Коронавирусот ми го даде тоа слободно време и еве го. Настапот го смисливме во подрум, во мојот стан, во студио. Со мене беа моите пријатели и членовите на Land of Grove, па заедно ќе одиме во Торино да пиеме кафе – рече таа и откри како нејзините деца реагирале на победата.
– Беа загрижени како ќе реагираат на училиште. Се помина во ред. Понекогаш сум згрчена, но добро. Нив ги интересира песната – изјавила Констракта.