Иако на почетокот се чинеше дека новата рекламна кампања на „Најк“ по повод 30 годишнината од нивниот познат слоган „Just Do It“ ќе доживее дебакл и ќе донесе загуба, се случи токму спротивното.
Според ББЦ, рекламата со поранешниот НФЛ играч, Колин Каперник помогнала он-лајн продажбата на производите на „Најк“ да се зголеми за 31 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година.
Продажбата се зголеми најмногу во понеделникот и вторникот (околу 17 отсто) по објавувањето на огласот.
Каперник е првиот американски рагбист, кој одби да стои мирно додека свири американска химна. Тоа се случи во 2016 година, во екот на протестите против полициската бруталност и расизмот, а други играчи го следеа неговиот пример следната сезона.
Претседател Доналд Трамп тогаш ги нарече „куч… синови“, а за рекламата рече дека тоа е грозно и испраќа погрешна порака. По објавената реклама вредноста на акциите на „Најк“ паднаа за 3,2 отсто, а конзервативците во знак на револт ги палеа патиките и чорапите на „Најк“ и повикуваа на бојкот.