Конзервативната владејачка партија Правда и справедливост (PiS) и Нова демократија победија во Полска и Грција, во Романија казнети се владејчаките социјалдемократи, а социјалистите победија во Шпанија, каде европски мандати освоија и сепаратистите од Каталонија, покажќуваа излезните анкети кои во неделата постапно пристугнуваат од земјите челнки на Европската унија во кои се одржани изборите за Европскиот парламент.
Во Полска владејачката PiS освоила 42,4 отсто од гласовите, што претставува раст во однос на 31,8 отсто колку освои пред пет години и 37,6 отсто колку што доби на парламентарните избори пред четири години. Опозициската Европска колаиција предводена од Граѓанската платформа, порано водена од досегашниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, е на второ место со 39,1 отсто од гласовите.
Полска забелажа рекордна излезност од 43 отсто, по кампањата во која доминираше дебатата за правата на хомосексуалците, темата за холокаустот во Полска и влијаните на Католичката црква во општеството. PiS гласањето го претстави како борна против западните неолиберални идеали кои се закана за трационалниот начин на живот во католичка Полска, каде кон крајот на годината ќе се одржат и парламентарните избори.
Парламентарн избори во годинава ќе се одржат и во Грција каде опозициската конзервативна Нова демократија победи на изборите за Европскиот парламент пред владејачката коалиција на радикалната левица Сириза на премиерот Алексис Ципрас. Во извештаите на пет телевизии се тврди дека Нова демократија освојува меѓу 32 и 34 отсто од гласовите во споредба со 24 или 26 отсто колку што ќе ги добие Сириза.
Владејачката партија е казнета во неделата и во Романија. Излезните анкети покажуваат дека владејачките социјалдемократи PSD и опозициската Национална либерална партија се израмнети на 25,8 отсто. Тоа е голем удар за власта кои на последните парламентарни избори освои малку под 45 отсто од гласовите. На третото место е коалицијата на опозициските партии USR-Plus, со 24 отсто од гласовите. И во Романија е забележана рекордна излезност од 50 отсто.
Во спротивност со падот на левицата во споменатите три земји, во Шпанија социјалистите од PSOE победиле, според излезните анкети. Социјалистите добиле 18 од вкупно 54 манадити во ЕП, што е раст од 14 колку што имаа 2014-та. Првите пратеници ќе ги има и крајна десната партија Вокс, четири или пет. Конзервативната Народна партиај (PP) која сѐ уште закрепнува од лошиот резултат на парламентарните избори пред еден месец, ќе загиби четири или пет пратеници и ќе има 11 или 12 мандати. Место во Европскиот парламент добија и каталонските сепаратистички челници Карлес Пучдемон и Орил Жункерас, по кои шпанските власти имаат распишано потерница или ги држат во притвор, но сега прашање е дали ќе им биде дозволено да ги преземат пратеничките мандати.