2.8 C
Skopje
четврток, јануари 23, 2025

Координиран атак врз Чулев, за СДСМ да го контролира МВР на изборите

Се чини дека денеска кулминираа подолго време координираните обиди на СДСМ преку прес-конференции, преку платени поддржувачи на социјалните мрежи па и министри, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, делигиран на должноста од опозицијата според Пржинскиот договор и законот кој произлезе од него за организација на изборите, да биде отстранет од позицијата. Единствена цел на ваквата хајка е СДСМ да го преземе раководењето со ресорот преку кој ќе може да влијае врз предизборито и самиот изборен процес, односно да не ги санкционира поткупите на гласачите и изборните малверзации.

Ваквата симултана акција ја демонстрираа портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска и министерот Венко Филипче, кои координирано удрија во кудење на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, како и самонабедени „експерти“ на социјалните мрежи. Вообичаено кога станува збор за СДСМ во изминатите 30 години, сите други и народот е виновен.

Според нив, имено, Чулев бил виновен за растот на заболените и починатите од епидемијата на коронавирусот, и покрај тоа што СДСМ се обидува да издејствува што поскори предвремени избори. Очигледно калкулациите кај социјалдемократите многу јасно укажуваат дека во следниот период на површина ќе испливуваат нови скандали и примери за неспособноста да се менаџира ситуацијата, па прават обид да го минимизаа својот пораз. новите огромни бројки заразени во Македонија. И Филипче и Кузеска координирано ја амнестираат владата и вината ја насочуваат само и единствено кон единствениот минситер од опозицијата кој повеќе пати им даде пример, као всушност, треба да си ја работат работата.

Истовремено, едниот од Илинденска бр. 2, а другиот од екс Бихаќка упатија несоновани и крајно партиски и политикантски обвинувања на адреса на министерот за внатрешни.

„Со своето неодговорно и несериозно однесување за време на кризата со коронавирусот, Наќе Чулев го загрози јавното здравје и денес сите ги чувствуваме последиците од таквиот неодговорен однос,“ обвини Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Меѓутоа, Кузеска не понуди никаква аргументација во што се состои „неодговорното и несериозно“ однесување на Чулев.

Денеска, додаде таа, за жал стигнувала сметката за неказнувањето и неработата на Чулев, а таа се гледала преку бројот на заразени регистрирани денеска?! Според неа, затоа биле потребни избори и нова Влада и Собрание со полн легитимитет од граѓаните.

Притоа портпаролката не ги зема предвид поднесените пријави и кој всушност изрекува казни. Но затоа веќе во следната реченица ја открива суштината на нејзината ламентација без основи – а тоа е целиосна контрола на СДСМ на земјата пред изборите. Особено врз ресорот каде што ќе може да се забошотуваат сите истраги за криминали и малверзации.

„На државата ѝ се потребни институции со полн капацитет кои ефикасно ќе се справат со последиците од актуелната пандемија, но и ќе бидат подготвени за новиот бран кој по сите најави се очекува наесен“, кажа Кузеска.

Паралелно, на координираната акција заедно со Кузеска се надоврза и Филипче, кој изјави дека „загрижува тоа што граѓаните не ги почитуваат препорачаните мерки за носење маски и дистанца, а има и прекршувања на решенијата за изолација и движење надвор од карантинот, има групни собирања, како и несоработка со епидемиолозите, давање лажни податоци и адреси за да не им се достават решенија за изолација“. Тој рече дека ќе има посилни контроли , а од МВР побара поголема ажурност и санкционирање, обвинувајќи го со тоа во партиски занес министерот Чулев.

Вистината, сепак,е  дека нивната неодговорност и лошо справување со кризата се виновни за се, на страна и олабавувањето на мерките. Целата финта на СДСМ е вака да се создаде слика за наводна потреба од нови институции кои доаѓаат по избори.

Во превод, и покрај 52 заболени и 4 мртви денеска, се што СДСМ и Заев сакаат се избори, ништо друго и не ги интересира.