Фудбалерите на Перу се пласираа во полуфиналето од Копа Америка во саботата вечерта во четвртфиналето на стадионот „Фонте Нова“ во бразилски Салвадор беа подобри од селекцијата на Уругвај со 5:4 по изведвуањето на пеналите, откако дуелот во регуларните 90 минути заврши без погодоци.
Во регуларниот тек Уругвај, кој е рекордер со 15 титули на најстарото меѓународно фудбалско натпреварување во светот, беше далеку подобар противник, постојано се закануваа преку Единсон Кавани и Луис Суарез, на кои им беа поништени два од трите погодока поради офсајд. Во основните 90 минути Уругвајците шутнаа дури 12 пати кон противничкиот гол, додека Перуанците кои очигледно играа на пенали, кои во јужномаериканското првенство се изведуваат веднаш по истекот на 90-те минути, само трипати се обидоа да го загрозат голот на Муслера.
Трагичар на мечот беше токму Суарез, кој не го реализираше првиот удар од белата точка, шутирајќи само во голманот Педро Гаљезе. Потоа сите изведувачи беа прецизно, но Уругвјаците не го надоместија заостанувањето од првата серија.
Во полуфиналето Перу, чијашто селекција двапати ја освојувала Копа Америка од кои последниот пат во 1975 година, на 2-ри јули ќе се соочи во Порто Алегре со Чиле, кој исто така со 5:4 по пенал-рулетот во четвртфијалето ја елиминираше Колумбија. Чиле беше победник на двете последни изданија на јужноамериканското првенство, во 2015 и 2016 година, и двата пати совладувајќи ја во финалето Аргентина токму по подоброто изведување на единаесеттерците.
Првата полуфинална двојка, која ќе игра ден претходно во Бело Хоризонте, ја сочинуваат домашниот Бразил и Аргентина. Бразил во четврфиналето со 4:3 на пенали го елиминираше Парагвај, а Аргентина со 2:0 беше подобра од Венецуела.