Додека копал за гробно место, работник пронашол граната на гробиштата во Мирковци.
-Вчера во 09.40 часот во Полициското одделение Мирковци, вработен во погребален сервис Бутел пријавил дека на гробиштата од црквата Св.Никола во с.Мирковци, додека копал за гробно место, пронашол граната со должина од околу 30 см. Увид бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, велат од полицијата.