Корибко: Груевски не дозволува уцени од Западот – ВМРО-ДПМНЕ генијално се справува со Обоената револуција

Уништувањето на зградите и спомениците во Скопје претставува напад врз македонскиот идентитет, како подготовка за понатамошното посакувано менување на името и федерализација, вели во интервју за Нетпрес рускиот новинар и експерт Андреј Корибко.
Во разговор со дописникот на Нетпрес од Атина, Корибко вели дека идејата на нарачателите на овие криминални вандализирања е бришење на античкиот и христијански карактер на Македонија. Тој оценува дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ генијално се справува со Обоената револуција против земјата, а достоен за пофалба е и народот кој што покажа исклучителна воздржаност пред опозициските провокации, со што не падна во замката на однапред планираното сценарио на Западот за предизвикување крвави судири во Македонија.
 
  1. Според некои информации како во македонските, така и во српските медиуми, руските разузнавачки служби предупредуваат за намерите на Западот на предизвика Балканска војна, со спирала од насилство во Скопје, Белград и Бања Лука. Идејата е да се покаже дека владите во Македонија, Србија и Република Српска се “слаби” и дека им е потребна странска “помош” или интервенција или како и да ги нарекуваат нивните дрски обиди за манипулација и контрола на други земји и нации. Дали може да споделите повеќе информации со нашите читатели во однос на оваа тема ?
– Би сакал да почнам со едно потсетување за геополитичката конструкција на централен Балкан, која што ја образложив минатата година и во која што сугерирав дека на  Република Српска, Србија и Македонија им е наменето да делат иста стратешка судбина во годините што претстојат. Тоа е затоа што ниту една од овие држави не е во ЕУ и во НАТО и исто така затоа што две од нив, Србија и Македонија, планираат да бидат домаќини на руските и кинеските мултиполарни врзувачки инфраструктурни проекти, гасоводната мрежа и високо брзинската железница. Нивното успешно заокружување на мултиполарните големи сили ќе им го даде потенцијалот да се приклучат директно во срцето на Европа и ќе помогнат ЕУ да се придвижи поблизу кон новонастанатиот ред во светот, а да се оддалечи од моменталниот кој што е предводен од САД. Попрецизно, токму ова глобално трансформирање е причина поради која што централниот Балкан, според моето аналитичко сфаќање, е сам по себе најважниот регион во Европа денес и едно од најклучните места во светот.
САД спроведуваат двојна политика кон централен Балкан, обидувајќи се да добијат контрола врз трите таргетирани држави додека паралелно работат и на нивно целосно дестабилизирање. Можеби звучи шизофренично истовремено да се работи на две навидум контрадикторни цели, но ова всушност има голема смисла доколку добро се анализира. Вашингтон сака да биде во можност да ја преземе контролата врз овие Влади за потоа да може да врши индиректно влијание врз предложениот руски проект за гасоводот “Балкански тек”, како и за кинеската високо брзинска железница “Балкански пат на свилата” или пак целосно да ги откаже, но доколку ова не го заврши со успех, тогаш нема да имаат никаков проблем да ги втурнат овие земји во хаос, со цел да ги опструираат овие проекти. Во оваа смисла, САД се обидуваат да постигнат “вин вин” политика, во чии рамки или ќе ги контролираат балканските мега проекти или ќе ги уништат, и во секој случај тоа ќе оди во  насока на големи униполарни стратегиски придобивки на Вашингтон. Сета оваа моментална дестабилизација и неизвесност за централен Балкан е поврзана со овој стратешки императив на САД што активно напредува во регионот. Освен применувањата на регуларните техники за хибридна војна, како информациона и економска дестабилизација, САД посегнуваат и по нерегуларните техники, како транс-регионалната мигрантска криза и повеќе специфични мерки во секоја од таргетираните држави.
Република Македонија, најклучната земја што го претставува тесното гро на Балканот, во моментов е нападната со повеќе заговори во рамките на Хибридната војна, некои од нив веќе созреани, а некои сеуште латентно се развиваат и негуваат за понатамошна употреба. Во многу од моите претходни написи и интервјуа  за Македонија, беше истакната и заканата дека Обоената револуција го создава покритието за голема Албанија и тоа е тоа што всушност се одигрува пред нашите очи во моментов. Неодамна имаше извесни брборења кои што доаѓаа од албанската заедница и меѓународните медиуми под влијание на САД и невладините организации, за потенцијална федерализација на Македонија, што всушност би придонело кон внатрешната поделба пред онаа формалната, меѓународна. Ништо од ова не се случува случајно, со оглед на тоа што нападите врз културно-историските знаменитости на земјата покажуваат дека постои конкретна војна која што се води против идентитетот на Македонија, со намера да се посеат поделби и етнички проблеми пред предлогот за претходно испланираното решение за “идентитетски федерализам” предложен од Западот.
Во моментов опозицијата контролирана од САД е во тајм аут, со оглед на тоа што тие се борат да се репозиционираат по изненадувачкиот владин потег да ги одложат изборите на 5 јуни и повторно да го свикаат Парламентот предводен од ВМРО, но веднаш откако тие и нивните странски газди ќе се приспособат на новата реалност, се очекува дека ќе продолжат да притискаат со дестабилизација и да го спојат движењето од Обоената револуција со она националистичкото за голема Албанија. Заедно, овие две групи најверојатно потоа ќе предложат федерализација, како дел од нивната заедничка платформа, суптилно сугерирајќи дека ако Владата не капитулира пред нивните барања ( кои што очигледно во еден момент ќе вклучуваат и промена на уставното име на Република Македонија со ново кое што ќе го рефлектира федерализираниот ентитет ), тогаш ситуацијата за кусо време може да стане насилна и да доведе до уште една појава на албански тероризам.
Тоа е таа закана што САД и нивните сојузници на теренот ја подготвуваа против македонските власти, но тогаш претседателот Иванов и Владата брилијантно ја сменија целата парадигма и го пореметија спојувањето на Обоените револуционери и албанското националистичко движење преку нивните последни одлуки.
Како одговор на состојбата, тие успеа да купат важно стратешко време додека овие две анти владини сили беа присилени да се адаптираат на променетата политичка ситуација и да ги сменат своите однапред прецизно планирани стратегии. Со наглото менување на политичката состојба, особено на еден таков паметен начин како што беше повторното свикување на парламентот предводен од ВМРО, беше разбиена непосредната ескалација во движењето за менување на власта и она што ќе беше непосредна еволуција од Обоена револуција кон Неконвенционална војна.
  
2.Сега е и повеќе од јасно дека на поголемиот дел од западните невладини организации во Македонија, но и било каде на друго место, им е доделена улогата за учество во соборувањето на непослушните влади кои што не сакаат да ги свиткаат кичмите и да се потчинат на желбите на Вашингтон и Брисел, одејќи при тоа против националните интереси. Истовремено, западните амбасадори во земјата се обидуваат да се мешаат во секој аспект од внатрешните работи , додека западните власти јасно дадоа до знаење дека не поддржуваат избори, што значи дека сакаат да продолжат да ја игнорираат волјата на мнозинството македонски народ. Како го коментирате начинот на кој што Македонија се справува со оваа, втора рунда од Обоената револуција ?
          Првата работа што треба да ја кажам е дека Македонскиот народ покажа извонредна воздржаност во однос на многуте опозициски провокации. Не можам ни да замислам колку просечниот човек мора да е бесен откако видоа како нивните сакани историски знаменитости беа сквернавени и вандализирани, онака како што тоа се правеше изминатиот месец. Сигурен сум дека ова задира во срцето на секој Македонец, но сите патриотски граѓани треба да знаат дека и секој цивилизиран човек во светот е исто така згрозен од она што го гледа. Воопшто не се сомневам дека граѓаните на многу други земји би одговориле со насилство на овие провокации, со што би го нахраниле токму она што опозицијата и нивните странски поддржувачи го сакаат, па затоа имам голема почит кон Македонскиот народ за одбивањето на падне на оваа примамлива мамка.
Друга работа што би сакал да ја искоментирам се активностите на Граѓанското движење за одбрана  Македонија ГДОМ, кое што направи неверојатна работа во демонстрирањето на обратната технологија за Обоена револуција. Неодамна објавив ексклузивна анализа на The Saker за тоа како дисциплинираната и селективна употреба на некои аспекти од стратегијата за Обоена револуција би можеле да бидат употребени како за пресретнување на оваа техника ( како во Македонија ) така и за мирен притисок врз владите кои што ќе станат непријатно блиски со Западот ( како во Србија, а особено во Црна Горе ). ГДОМ успешно покажа дека плановите на САД за промена на власта може умно да се пресретнат со движења за патриотско засилување на власта кои што ја комплицираат праксата на обоените револуционери и дополнително го отежнуваат обидот на непријателските надворешни елементи да го поделат општеството. ГДОМ ги мобилизираше заедниците ширум земјата и силно и во корен ја покажа разликата меѓу големите групи провладини поддржувачи низ целата земја и расфрлената колекција на антивладини “опозициски” демонстранти базирани во Скопје. 
Ако пак погледнеме за момент кон Владата, и тие се секако достојни за пофалба за примената на слично ниво на трпеливо воздржување во справувањето со вандализирачката “опозиција”. Иако некои ја критикуваа за тоа што не пристапила со поцврст одговор за криминалците, овие гласови можеби и не се свесни дека обоените револуционери и нивните поддржувачи ја примамуваат владата да го стори токму тоа, со цел манипулаторски да се додаде масло во огинот на интензивниот анти-владин отпор ( без разлика дали е вистински, замислен или претеран ). Секогаш кога владите кои што се цел на Обоена револуција силно и енергично реагирале на демонстрантите ( без разлика дали тоа е оправдано, а во најголемите случаи е), тие ризикуваат ненамерно да паднат на замката, во која што нивните тактики и други слични одговори ќе бидат фотографирани, снимани и широко распространети низ социјалните медиуми на погрешен начин и извадени од контекст.  Многу често тие се претворуваат во настани од вестите кои што имаат за цел да го прикажат “неиспровоцираното владино/полициско насилство против невините и невооружени демонстранти”, иако постојат големи шанси ова воопшто да не е точно. Целата поената на оваа парада е да се предизвика анти-владино чувство меѓу таргетираната популација и меѓународната западна заедница , со цел да ја забрза хибридната војна против земјата и да ја постави лажната фондација за наметнување на режим на санкции  против непослушните власти.
Конечно, го имаме и владиниот политички одговор на Обоената револуција, кој што беше генијален. Додека објавата за одложување на изборите на 5 јуни можеби многумина ги затекна неподготвени и во прво време изгледаше како капитулација пред опозицијата, тоа воопшто не е така, со оглед на тоа што подетален преглед на сето што беше објавено открива дека оригиналниот Парламент предводен од ВМРО е вратен. Ова ја остави опозицијата без стратегија, со оглед на тоа што тие воопшто не очекуваа такви потези на претседателот Иванов и на Владата. Иако изгледаше дека ги исполниле нивните барања со тоа што ги одложија изборите,  се измамија, затоа што тие потоа ја вратија претходната Влада. Сега повеќе немаат моќ, што иронично, ќе беше исто и во случај да се случеа изборите, особено гледајќи го фактот дека ВМРО водеше со 3 спрема 1 во однос на СДСМ во предизборните анкети. Силното патриотско граѓанско движење што се собираше за поддршка на Владата беше инструмент во нивните одлуки да го вратат Парламентот како што беше порано, но помогна и за убедување на властите дека ја имаат поддршката на народот за да го сторат ова, што е сушината на самата демократија.
На тактичко ниво, потезите на Владата и на претседателот Иванов дојдоа во совршено време и го спречија движењето за Обоена револуција да се искомбинира со она на албанските националисти, придвижувајќи ја земјата поблиску до насилна хибридна војна. Во овој момент, и обоените револуционери и албанските националистички сили се оставени без конкретна стратегија со оглед на тоа што нивните претходни планови за заговор сега целосно потонаа. Затоа треба да чекаат на следните наредби од САД, кои што франатично бараат да импровизираат привремена стратегија како одговор на владиниот вешт маневар. Гледајќи ја реакцијата на амбасадата на САД за ова прашање, може да се предвиди дека Вашингтон би можел да се обиде да продолжи со порано споменатите планови за федерализација за кои што зборував, иако можеби не веднаш и само откако ќе формулираат појасен пристап кон ова прашање. Причината поради која што може да се направи ова предвидување е поради вклучувањето на една високо симболична фраза  како “тешки реформи кои што мораат да се направат и да се инкорпорираат перспективите на опозициските партии и граѓанското општество.”
Важно да се нагласи е дека всушност не постои објективна причина зошто некои Албанци би сакале да се федерализира/ внатрешно да се раздели ) земјата, освен нивната погрешна националистичка потрага за повторување на несреќното сценарио од Косово и конструкција на голема Албанија. Ниту едно малцинство на светот нема подобри уставно загарантирани права од Албанците кои што живеат во Република Македонија. Единственото најверојатно објаснување за тоа зошто некои членови на оваа демографска група би сакале да агитираат за дури и подобри привилегии од тие што ги имаат и да ризикуваат да ја втурнат земјата во хаос и да ги поништат сите досегашни придобивки, е поради влијанието на надворешни актери кои што не се грижат искрено за нивното добро, како на пример националистите од Албанија и албанската, турската и американската Влада. Овие ентитети не ја признаваат вистината дека Македонските Албанци имаат подобар квалитет на животот и повеќе уставно загрантирани права од која било друга категорија на Албанци каде и да е во светот, а наместо тоа се обдуваат да ги наведат на погрешно размислување дека тие го доживуваат токму спротивното и дека се жртви на репресија на системот.
Да заклучиме, македонската Влада со целосна поддршка на патриотските маси, привремено ги неутрализираа и Обоената револуција и нејзината перспектива за голема Албанија и федерализација, лишувајќи ги од изговорот да излезат на улица, одземајќи им го секој “разумен легитимитет” што лажно мислеа дека го имаат во очите на меѓународните набљудувачи. Не треба да се каже дека било која од овие закани е трајно решена, тие сеуште се овде и најверојатно наскоро ќе се вратат за одмазда, но засега се маргинализирани  што несомнено претставува неверојатна победа на македонската Влада во справувањето со однапред испланираната ескалација за хибридна војна од страна на САД.
3.Овој период гледаме дека целата западна пропагандна медиумска машинерија агресивно ја напаѓа Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додека нивна главна мета се чини дека е лидерот на партијата Никола Груевски. Ова демонизирање на Груевски се прави на многу сличен начин како она насочено против рускиот претседател Владимир Путин, кое што трае со години. На пример, тие го нарекуваат Груевски диктатор, иако неговиот рејтинг е шест пати поголем од оној на опозицискиот лидер Зоран Заев. Кои се заедничките карактеристики што од Путин и Груевски направија толку големи “непријатели” на Западот?

–   Најважната одлика што поранешниот премиер Груевски и претседателот Путин ја имаат е тоа што се конзервативни патриоти, што значи дека тие ги нагласуваат традиционалните вредности, националната историја и промоцијата на државниот суверенитет. Обајцата лидери се исто така мултиполарни во својата глобална перспектива и успеваат да ги балансираат странските партнерства. Груевски работи и со Западот ( САД и ЕУ ) и со Истокот ( Русија и Кина ),  додека Путин прави нешто многу слично ( и покрај анти-руските санкции на ЕУ контролирани од САД ). Понатаму, и двајцата се многу горди и во никој случај не се покоруваат на волјата на било кој друг освен на онаа на колективната популација која што ја претставуваат. Ни Груевски, а ни Путин не може да бидат поткупени како Вучиќ или да бидат уценувани како Меркел и ова ги иритира САД како ништо друго.
Западната информациона војна против поранешниот македонски премиер и рускиот претседател не е ништо повеќе од залуден обид за нивно лично оцрнување со цел да се дискредитираат политички. САД мислат дека серијата на неосновани напади против двајцата лидери евентуално ќе доведе до зголемување на делот од населението кое што ќе ги прифати како вистина, а потоа и до одрекување од мултиполарните и патриотски идеали кои што овие двајца ги претставуваат.  Но, тие се далеку од успех, бидејќи како што сите може да видат, Груевски и Путин ја претставуваат популарната волја на нивниот народ и како резултат на тоа, беа демократски избрани. Кога САД и нивните сојузнички меѓународни органи напаѓаат било кој од овие двајца лидери, тие во суштина ги напаѓаат граѓаните на овие земји и нивните држави и цивилизациите на нивните држави, што пак го поттикнува народот да се дигне и да ги одбрани на начин кој што е тотално стран и неразбирлив за било кој постмодернистички западњак кој што го има отфрлено својот национален идентитет и цивилизациски патриотизам.
4.Да позборуваме малку и за профилот на поддржувачите на т.н “опозиција”. Во Македонија гледаме протести на кои што опозицијата ги вандализира и уништува не само спомениците, скулптурите и зградите со најзначајните македонски симболи, почнувајќи од античка Македонија, но тие истовремено напаѓаат и христијански симболи, како крстови и ангели. Земајќи во превид дека нивните чекори се оркестрирани и диктирани од странство, која е точната порака што нивните газди ни ја праќаат преку уништувањето на македонските и на христијанските симболи ?
 
          Сите овие напади се оркестрирани со единствена намера а тоа е да се поведе војна против македонскиот идентитет како подготовка за понатамошно менување на името на земјата и внатрешна поделба преку федерализација. Она што сите овие акти на криминален вандализам го имаат заедничко е дека се дизајнирани да ја уништат идејата дека Македонија е античка и христијанска цивилизација, што се основните столбови на нејзиниот идентитет кој што ја прави она што е денес. Ако некој ја одземе милениумската историја на Македонија, нејзиното христијанско наследство и нејзините цивилизациски атрибути, тогаш во суштина ќе остане еден неразбирлив аморфен политички ентитет што може да биде ремоделиран во било што друго што влијателните меѓународни сили ќе сакаат да биде, слично како она што во голема мера денеска го претставуваат стереотипните источно европски земји. Во моменталниот контекст, движењето за промена на власта поддржано од странство сака да го смени уставното име на земјата, но тие никогаш нема да успеат или да се извлечат со тоа, бидејќи Македонците се сеуште свесни за нивниот уникатен идентитет и остануваат особено горди на него. Во моментов не постои начин една клика од пучисти да го изведат ова, без да предизвикаат граѓански отпор против себе, каков што не е виден од времето на отоманската или фашистичка окупација, но ако луѓето се заблудени во нивните смисли за патриотизам и повеќе не се грижат за Македонија или за тоа дека се Македонци, тогаш би било значително полесно да се “легитимизира” оваа изведба и евентуално да се спроведе и референдум за ова да биде “оправдано” еден ден.
Не мислам дека оваа и воопшто некогаш ќе успее, но она што го велам е дека зад неа стои американскиот начин на размислување, без разлика дали има реални основи. Искрено кажано, ова е една од нај контрапродуктивните техники за Обоена револуција што било кога ја имам проучувано, затоа што ненамерно ( но очекувано ) ја зајакна патриотската реакција против провокаторите од движењето за промена на власта поддржано од странство. Нечуено за балканските народи е  да си го уништуваат сопственото наследство, а такви насилни напади против историски објекти се случуваа само кога една група ќе тргне против друга, како кога Албанците дивееја и уништуваа цркви, гробишта и што и да било што е поврзано со Србите во окупираното Косово ( и тоа сеуште го прават и денес ). Но и покрај тоа, Албанците не направија од ова нивна официјално признаена политика, иако тоа го правеа во пракса. Единствената група која што во последно време јавно го објавуваше уништувањето на историските споменици како основен дел на нивните политички платформи се Даеш и украинските нацисти, така што на сите им е јасно од каде овие обоени револуционери ја црпат својата “инспирација”, како и тоа кој им ги дава директивите за сето ова.
Како и да е, неприродно е за секој човек, а особено за Балканците со илјадници години наследство какво што имаат Македонците, да ги уништуваат нивните културни и историски споменици само поради вештачки создаден политички проблем, но доколку се разбере дека тие добиваат наредби ова да го прават во рамките на големите геостратешки планови на странските сили, тогаш сево ова има поголема смисла.
Сите треба да се свесни дека САД намерно им наредува на своите сателити да ги обезличат и уништат историските и религиозни згради, објекти и симболи со цел да го заплашат мнозинството Македонци Христијани за да ја прифатат планираната федерализација на нивната земја, со што ќе се намали нивната улога за националните работи за корист на таа на албанското муслиманско малцинство.
Сите граѓани на Републиката, Македонци и Албанци, мора да бидат предупредени за оваа закана, за да не западнат во замката на вештачки создадениот “цивилизациски судир” што САД им ја подготвуваат.  Исто така, сите идентитети во Македонија треба да се обединат и да му помогнат на градот да го расчисти нередот што вандалите го прават, бидејќи ова ќе има силна симболика и долгорочно ќе помогне во разбивањето на било која тензија меѓу заедниците што САД сакаат да ја предизвикаат.