![voda cesma](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/voda-cesma.jpg?resize=696%2C456&ssl=1)
Поради дефект на приклучна цевка ф-80 милиметри на улицата „Христо Татарчев“ 10, прекин во водоснабдување утре ќе имаат корисниците на дел од истата улица од броевите 1 до 50, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот, па до завршување со санација на дефектот, информираат од градскиот водовод.