
Сериозен проблем се појави во пресрет на завршниот турнир во Лигата на Шампиони, откако Атлетико Мадрид објави дека двајца фудбалери се позитивни на вирусот ковид -19. Имињата на фудбалерите не се откриени.
Според информациите, фудбалерите се во самоизолација во своите домови, а клубот ќе постапи според препораките на надлежните.