Според сите предвидувања со есенскиот бран на корона вирусот ќе ја комплицира работата на болниците, но од владата не се преземаат никакви мерки.
Министерорт за здравство Венко Филипче за проектот со монтажните болници изјави дека не знае кога ќе биде готов и додека есенскиот бран е на прагот тој се правда дека сѐ зависело од кредитот од Светска банка.
Инаку болниците уште од сега започнаа да се соочуваат со недостиг на капацитети. Ваков случај беше и со струмичката болница која откако неколку дена немаше слободни кревети за примање пациенти, вчера со цел да се обезбедат уште 15 кревети беа дислоцирани хируршките амбуланти. Но, со оглед на тоа што во овој град секојдневно има двоцифрена бројка на заразени со КОВИД-19 и станува ново жариште на вирусот, по се изгледа дека за брзо време струмичката болница повторно може да се соочи со недостиг на капацитети.
Ваквата слабост ја признава и министерот за здравство Филипче кој вели дека е изгубено драгоцено време од повеќе месеци.
„За жал изгубивме драгоцено време повеќе месеци.. мобилните болници имаат за цел да ги одделат целосно физички пацинетите кои се заболени од КОВИД-19. Истите тие тимови кои што работат како инфектолози и медицински сестри дополнети со системот на ротација и дополнети со младите лекари ќе бидат респределени во тие болници”, вели министерот за здравство, Филипче.