Сингапурското министерство за здравство соопшти во саботата дека потврдило уште 753 случаи на зараза со коронавирусот, поради што вкупниот број заразени се оскаќи на 22.460, од што повеќето со странските работници во работничките населби.
Ден претходно во градот-држава беа потврдени уште 768 нови случаи на инфекција со коронавирусот. Во текот на епидемијата, во Снигнапур се забележани 20 смртни случаи од Covid-19, а излекувани се повеќе од 800 пациенти.
Сингапурските власти го продолжија делумниот карантин до 1-ви јуни, а од 5-ти мај започнаа со работа некои компании со ограничен број вработени. Покрај тоа, отворени се и центрите за традиционална кинеска медицина, населението може да вежба на просторите на приватните станбени центри, додека базените и спортските сали остануваат затворени.
Растечкиот бран на заразите меѓу големата мигрантска работна популација во Сингапур се заканува да го наруши досегашниот успех во борбата со коронавирусот на тамошните власти. Сингапур досега затвори неколку вакви домови, додека владата спроведува масовни тестирања и се обидува да ги пресели здравите работници, но се појавуваат прашањата зошто порано не било сторено повеќе за да бидат заштитени.
Сингапур, богатиот град-држава со 5,8 милиони жители ја има една од најниските стапки на починати од коронавирусот во светот, што е многу помалку од соседните Индонезија и Филипини.