Коронавирусот откриен на пазарот на големо во Пекинг верoјатно е повеќе заразен од неговата верзија којашто беше откриенa на пазарот за морски плодови и диви животни во Вухан од каде што на крајот од 2019-та тргна пандемијата на Covid-19, изјави во понеделникот професорот на институтот за вирологија при медицинскиот факултет на универзитетот во Вухан, Јанг Жангце.
Пекиншкиот пазар на големо за прехранбени стоки Ксинфади е 20 пати поголем од оној во Вухан од кој според сегашните сознанија започна пандемијата на Covid-19 и на него се продаваат илјадници тони разна храна. Епидемиолог на кинеската влада во понеделникот изјави дека секвенцирањето на ДНК на вирусот покажало дека тој би можелo на пазарот да дојде од Европа.
„Во процесот на евoлуцијата инфективноста на вирусот може да се зголеми или да ослебне. Но јас верувам дека коронавирусот SARS-CoV-2 откриен на пазарот Ксинфади е позаразен од оној кој се појави на пазарот Хуанан во Вухан“, вели Јанг Жангце за кинеското издание на англиски јазик Global Times (Хуанциу Шибао).
Потсетува дека локалните власти во Вухан официјало известија за новиот вирус на крајот од декември минатата година, а на 17-ти јануари годинава биле регистрирани вкупно 62 потврдени случаи, што е горе-долу блиску до бројката на веќе откриени случаи во Пекинг од четвртокот до понеделникот. И иако сега техничките способности се многу подобри и бројот на извршените тестови е многу поголем „добиените разултати, сепак, беа изненадувачки“.
Покрај тоа, според вирологот, епидемијата во Вухан се разгоре во зима, кога условите придонесуваат за ширење на заразите, додека во Пекинг изминатата седмица имало високи летни температури, што не предонесува за ширењето на заразните болести. Во Вухан, исто така, имало многу пациенти кои немале историја на контакт со пазарот, додека во Пекинг сите потврдени случаи се поврзани со пазарот Ксинфади.
Жангце оценува дека разликата од сегашната ситуација во Пекинг од она што се случуваше во Вухан се состои во тоа што Кина веќе акумилирала значително искуство и создала ефикасни заштитни механизми, благодарение на коишто успеала брзо да ги преземе потребните мерки за контрола и борба со епидемијата. Сепак, научникот признава дека појавата на нови епидемии и соеви на вирусот ќе го комплицираат истражувањето и развојот на вакцината против Covid-19.
Додава дека доколку се докаже дека вурусот е увезен со земјоделски производи, неопходно ќе биде Кина да посвети поголемо внимание не само на контролата на влез на луѓето во земјата, туку и на царинскиот карантин на увезените производи.
Најголемиот пазар на големо Ксинфади во пекиншкиот кварт Фенгтаи е затворен од саботата, откако епидемиолошката истрага го откри коронавирусот на даска за сечење увезен лосос. Во квартот Фенгтаи е воведен режим на воена состојба, а нивото на одговорот при итни состојби во сферата на јавното здравје е зголемено на второто ниво.
Портпаролот на градската влада на кинеската престолнина соопшти дека во неделата во Пекинг биле тестирани 76.499 лица на коронавирусот, од кои 59 тестови биле позитивни. Притоа во утринската статистика во понеделникот беше објавено дека во неделата во градот се откриени 42 случаи на Covid-19, од кои 36 со клинички манифестации, а во шест случаи болеста минувала без карактетристичните симптоми. Севкупно во болниците во Пекинг во моментов има 79 пациенти со Covid-19, од кои еден е во критична а двајца во сериозна состојба.