Коронавирусот стигна и до Амазонија- прв случај на заразен во племињата

Една млада жена од домородното население, од селце зафрлано длабоко во прашумите на Амазонија, е заразена од коронавирус.

-Ова е прв случај на Ковид-19 што е регистриран меѓу повеќето од 300 племиња во Бразил, изјави вчера министерот за здравство на домородното население Сесаи.

Дваесетгодишната жена, од племето Кокама, во близина на границата со Колумбија, била тестирана и наодот и бил позитивен, изјави министерот Сесаи, пренесуваат британските медиуми.

Во истата област се потврдени уште четири случаи, вклучувајќи и доктор од Бразилија, што довело до страв дека епидемијата може со разорен ефект да се прошири врз ранливите племиња.

Сесаи изјави дека жената била медицинска сестра и била во контакт со докторот. Таа била единствената со позитивен тест од проверените 15 здравствени работници и 12 пациенти.