Коронавирусот зема замав, Заев ужива во кафеана, Спасовски и Шекеринска тераат партиска агенда, од Филипче ни трага ни глас

Коронавирусот во Македонија повторно зема замав. Денеска се потврдени 62 нови позитивни и двајца починати. Во изминативе 6 дена бројот на новозаболени е 228 додека починати се 20 лице/

Денеска потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири објави дека е позитивен на Ковид 19, заедно со неговата сопруга и тримесечното бебе.

Пред три дена тој беше на дебатана телевизија 24, а на почетокот на емисијата објави дека доаѓа од партиски состанок.

И наместо тоа да го крене на нозе цел СДСМ, Заев е во кафеана во Стар Дојран.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски од Куманово бара избори на 5 јули под било какви услови, а Министерката за одбрана Радмила Шекеринска тераше пропаганда кампања во Битола.

Министерот за здравство денеска пак со исклучок на неколку пи-ар објави на својата Фејсбук страна не се одважи да се појави на прес-конференција во вакви критични моменти по здравствениот систем во Македонија.