Во текот на наредните пет македонската женска кошаркарската репрезентација ќе се подготвува за натпреварите од вториот „прозорец“ во рамките на евро-квалификациите.
„Ќе ни недостасуваат Антиќ, Гивенс и Пејковска, кои се повредени и закрепнуваат, но тоа не значи дека ќе се предадеме. Ќе го дадеме својот максимум како и на последните два натпревара. Хрватска, мислам дека ни е шансата да дојдеме до првата победа на овие квалификации. Тие имаат добра репрезентација, претежно млада и не е толку искусна како претходните години и тоа е плус за нас. Против Италија ќе се потрудиме да одиграме подобро од тоа што го дадовме од себе на теренот во Скопје“, изјави капитенот Анџелика Митрашиновиќ за веб страницата на МКФ.
Првиот натпревар Македонија го игра на домашен терен в сабота (10-ти февруари) со почеток во 20,45 часот додека вториот ќе го одигра на гостински терен, на 14-ти февруари против Италија.