
Американските кошаркарки Калани Браун, Кортни Вилијамс и Кристал Бредфорд предизвикаа голем скандал откако во јавност се појави снимка на која учествувале во тепачка.
Снимката била направена во мај годинава, а прва го објави Вилијамс, па ја избриша поради реакциите на јавноста, но и покрај тоа корисниците на социјалните мрежи успеаа пак да го објават делот со тепачката.
Сфати дека нејзиниот потег е голема грешка.
„Сакам да се извинам на сите поради видеата кои ги објавив. Не сакам да се претставам себе или сопствената организација на негативен начин“, кажа Вилијамс.