Косово го ослободи Лирим Јакупи кој пукаше во македонски полицајци

Судот во градот Гњилане го ослободи Лирим Јакупи, осуден за напад врз македонска полиција во Скопје и во Тетово (2014 година и 2004 година).
Лирим Јакупи – Нацист беше осуден и за обид за убиство, а МВР го бара и други криминални дела.

Судијата Азиз Шаќири посочил дека со другото обвинение против Јакупи – неовластено поседување, контрола или употреба на оружје – статусот на ограничувања истекува.

По скандалозната одлука на судот во Гњилане со која Јакупи се прогаси невин за пукањето врз македонската полиција, денеска нема никаква реакција од Министертсвото за надворешни работи, ниту, пак, од премиерот Зоран Заев.
Ова премолчување, многумина го толкуваат како почеток на „исплатата“ од договорот меѓу СДСМ и нејзините албански коалициони партнери.

Во медимите изминатиот период се објавуваа информации дека Заев во разговoрите за коалицирање и формирање на Влада, договарал амнестија на лицата осудени за убиство на петтемината кај Смилковското езеро, а се шпекулираше дека иста таква поддршка требало да добијат и случаите „Сопот“ и „Диво насеље“, но и други осудени или осомничени криминални лица од албанска националност.

Оттука се поставува прашањето, дали е ова некој вид подготовка на теренот, за да можеби се опиппа пулсот на јавноста и „побезболно“ да се сервираат носечките ликови на проектот, кој допрва треба да следи.

Според Обвинителството, Јакупи и друго лице отвориле оган врз тројца униформирани полицајци во Скопје на 15 септември 2014 година, кога офицерите Зоран Ангеловски, Васко Ивановски и Елза Дурмитровска биле нападнати и сериозно повредени од истрели, додека патролирале во полициски автомобил.

„Пукајќи врз тројцата полицајци, Лирим Јакупи се обидел да ги лиши од живот во следните околности: тој намерно го загрозил животот на овие луѓе, постапувајќи безмилосно и насилно, во време кога тројцата полицајци ја извршувале својата должност, во насока на чување на правниот поредок, откривање на кривични дела и одржување на јавниот ред и мир“, изјавија обвинителите.

Јакупи се приклучил на Ослободителната војска на Косово во 1998 година и се борел против српските безбедносни сили. Тој исто така бил вклучен во формирањето на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, УКПМБ, која во 2000 година ги почна нападите врз безбедносните сили во населбите населени со Албанци во јужна Србија. Откако УКПМБ била демобилизирана, Јакупи се вратил во Косово.

Тој во 2007 година беше уапсен од страна на меѓународните безбедносни сили, но избега од косовскиот затвор Дубрава, истата година.

Во ноември 2007 година, три месеци по неговото бегство од затворот, македонската полиција изврши рација во селото Бродец на планината Шара. Неколку членови на групата на Јакупи биле убиени, а неколку други беа уапсени. Јакупи успеал да избега.

Во јули 2008 година, македонските судови во отсуство го осудија Јакупи на 15 години затвор, за организирање терористичка група и нелегално поседување оружје.