Косвовскот и албанскиот електродистрибутери KOSTT и OST потпишаа во понеделникто во Тирана договр за воспоставување заеднички енергетски систем со кој се има намера да заврши децениската зависноста на поранешната српска јужна покраина од електромрежата на Србија.
Споменатиот договр е потпишан со одобрување на Европската мрежа на оператори на преносни системи на електрична енергија (ENTSO), а се очекува дека ќе стапи на сила во април 2020 година. Официјален Белград засега не ја коментираше оваа информација.
Извршниот директор на косовскиот оператор, Илир, Шаља, истакначл дека со потпишувањето на договорот „Косово се оддалечи од Елетромрежата на Србија (ЕМС) и стана дела од OST“,.
„Ова е историски договор за Косово и KOSTT, бидејќи досега како KOSTT бевме во рамктие на регулаторниот блок на ЕМС (Србија, Црбна Гора и Македонија – з.р.)… Со потпишувањето на договороот и неговата примена во април 2020 година дефинитвно се одвојуваме од српскиот регулаторен простор и стануваме дел од регулаторниот блок со Албанија“, изјавил Шаља.
Генералниот директор на албанската компанија, Сердија Дренове, изјавил дека договорот „создава поволни услови за оптимално користење на произведните ресурси во рамките на блокот“, според косовските медиуми.
Белград и Приштина во 2015 година потпишаа договор за управување со заедничката елктромрежа, но договорот никогаш не стапи на сила. Двете страни ја присвојуваат косовската мрежа, изгрдена додека оваа територија беше во составот на Србија.