Косово во екот на кризата потпиша апликација за членство во ЕУ

Властите на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, која со поддршка на западните земји во 2008 година еднострано ја прогласи Република Косово, во средата го потпиша документот со кој се кандидира за членство во Европската унија, во екот на новите тензии и блокадите на северот населен мнозински со етничките Срби.

„Денеска е историски ден… Денеска го приближуваме Косово на чекор поблиску до ЕУ“, изјави во Приштина претседателката Вјоса Османи.

Додаде дека за косовските граѓани не постои алтернатива и дека апликацијата за членство во ЕУ ја посвети на „секое дете, жена и човек и Косово кои ги жртвуваа своите животи и кои неправедно беа соочени со геноцид и окупација“. Косово го нарече „најмладата држава на најстариот континент“ и земја на „политички плурализам и слободната пазарна економија“.

„Нашиот пат напред е јасен, процесот може да биде долгорочен, но бие ќе ја работиме својата работа за ЕУ полесно да ја работи својата работа“, реле Османи која документот го потпиша заедно со премиерот Албин Курти и претседателот на парламентот Глаук Коњуфца.

Според најавите, Приштина официјално ќе го предаде барањето за кандидатура во Брисел на 15-ти декември.

Потпишување на апликацијата доаѓа во екот на тензиите меѓу Белград и Приштина и обидите на САД и ЕУ да ја деескалираат ситуаијата и двете страни да ги натераат на преговорите за нормализација на односите кои се во ќорсокак откако Курти дојде на премиерската должност што српската страна го користи да го обвини за исклучивост и непочитување на сите досега постигнати договори.

Србите на северот во саботата поставија барикади протестирајќи поради упадите на вооружените единици на косовската полиција на северот, што според Белград е исклучиво право на меѓународните сили на НАТО од мисијата КФОР, како и поради затворањето на припадникот на косовската полиција, етнички Србин кој поднесе оставка поради некои постапки до властите во Приштина.

Косовските власти неколкупати ги менуваа изјавите за неговото затворање, а во вторникот му одредија 30-дневен притвор поради наводен тероризам и уривање на уставниот поредок. Белград во врска со тоа посочува дека тој во период за кој е обвинет бил припадник на косовската полиција, како и дека наводниот напад врз косовската полиција се случил во населба во која тој живее.

Белград и Приштина заемно се обвинуваат за предизвикување на новата криза којашто САД се обидува да ја реши индиректни обвинувајќи ја ЕУ за немоќ и се најавува зајакнување на дипломатскиот ангажман што српската страна го толкува како притисок врз неа наместо врз косовската. Брисел повикува на деескалација и најавува испраќање дополнителни сили за правосудната мисија ЕУЛЕКС:

Вашингтон испрати специјална делегација која оваа седмица и во Белград и во Приштина се обидува да изнуди смирување на ситуацијата и враќање на дијалогот.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина допатува во регионот и по разговорите со челниците на Косово во вторникот вечерта изјави дека е „подобро да барикадите да бидат отстранети со дипломатија отколку со булдожери“.

Во Белград тоа го протолкуваа како закана со „сила и оружје“ насочена против безбедноста на косовските Срби.

Лајчак и американскиот претставник Габриел Ескобар ќе се сретнат подоцна во средата во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ.