
Косово го освои и вториот златен медал на Летните олимписки игри во Токио и тоа повторно во џудо. По златниот медал на Дистрија Красничи во категоријата до 48 килограми, злато освои и Нора Џакова во категоријата до 57 килограми.
Таа во финалето славеше над Французинката Сара Леони Сисики откако поради казна француската џудистка беше дисквалификувана.